Во февруари 2026 година, од вкупниот број туристи, 32.6% се домашни, а 67.4% се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94.652, од кои 38.1% се од домашните туристи, а 61.9% од странските туристи.
Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6%, односно кај домашните туристи има зголемување за 5.1%, а кај странските има зголемување за 6.5%.
Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.6% така што кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските има намалување за 2.6%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














