Македонија се најде во фокусот на Си-Ен-Ен Травел, како европска туристичка дестинација која што неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри во Европа.
Во текстот е опишана како „драматично планинска дестинација“, со природни пејзажи што комбинираат зелени долини и врвови покриени со снег, со сончева клима и разновидна гастрономија, локално специфична и поврзана со традицијата на секој регион. Акцентот е ставен и на сончевата клима, која придонесува за вкусен и сочен зеленчукот и вина со интензивни вкусови.
Посебно внимание е посветено на Охридско Езеро и црквата Св. Јован Канео, кои се прикажани како еден од највпечатливите симболи на регионот.
„Охридското Езеро, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, опкружено со планини, привлекува посетители од целиот Балкан секое лето. Некои доаѓаат за екотуризам. Езерото кое се напојува од извори се гордее со околу 1.200 видови растенија и животни.
Други доаѓаат за по традиционално туристичко искуство: купување слатководни бисери по чаршијата во историскиот град Охрид на североисточниот брег на езерото или пиење коктели во баровите на плажата сместени покрај брегот.
Друг прекрасен национален парк, Галичица, го прегрнува источниот брег со спектакуларното Преспанско Езеро, југоисточно од тој парк,“ стои во сторијата.
Во неа исто така се истакнува и убавината на византиските манастири, некои стари повеќе од 1.000 години. Како посебни се издвојуваат Св. Наум во Охрид и Бигорскиот манастир, а за возењето до таму низ кривулестите патишта покрај Радика пак се вели дека „можат да ја засрамат секоја разгледница од Нова Англија“.
Од природните убавини се потенцираат винските региони и националните паркови, кои нудат разновидни искуства на мала географска површина.
Според Си-Ен-Ен, повеќето посетители на Европа ги фокусираат своите патувања во Франција, Шпанија и Италија, но на континенот има импресивни 44 земји признати од Обединетите Нации кои можат да се истражуваат.
Фото: еМагазин.мк














