Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 14.04.2026 година во 22:57 часот во (Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип – Одделение за внатрешни работи (ОВР) Свети Николе било пријавено дека во свињарска фарма во селото Амзабегово, светиниколско, бил пронајден починат вработениот К.П. (64) од Свети Николе.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Фото: Unsplash













