
Коста Мијоскине не е повеќе член на УО на Прилепска пиварница, за нов е избран Марјан Стоилов
Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека Коста Мијоски не е повеќе член на Управниот одбор (УО) на Друштвото, откако тој поднесе оставка. Од таму информираат дека Надзорниот одбор на Друштвото на седница на 30. јуни едногласно за нов член на УО го избрал Марјан Стоилов, директор на секторот продажба.



















