
Опасност од уривање карпи на Матка, забрането е движење на планинарската и пешачката патека
Забрането e движење на планинарската и пешачка патека кон Матка поради сериозна опасност од уривање на карпи и одрони, предупредуваат од планинарското друштво „Лисец“. „Одлуката е донесена од страна на Општина Сарај, а врз основа на актот на Дирекција за заштита и спасување. Забраната ќе трае до престанок на опасноста.



















