Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка, најтргуваните во август

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје е најтргуваната на Македонската берза во август, покажува месечниот билтен на Берзата.

Со неа е остварен промет од 108,7 милиони денари.

Втора е акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 50,7 милиони денари, а трета акцијата на НЛБ Банка АД Скопје, со која е остварен промет од 19,4 милиони денари.

Во Топ 5 се и акциите на Гранит АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести