
Кога зборовите и музиката стануваат завет: Александар Митевски и Огнен Неделковски направија песна посветена на Фросина
Во моменти кога зборовите не се доволни, а тишината станува претешка, уметноста го наоѓа својот пат. Химната „Фросина“, премиерно ќе биде промовирана и ќе се слушне на донаторската вечер „Threads of Light“ на 29. јануари во Станица 26, а е отпеана од авторот Александар Митевски заедно со Хорот ФРИДА под



















