45-годишен маж излетал со автомобил во Автокоманда, починал во болница

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 25.01.2026 година во 04:10 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16 Македонска Бригада“ и улицата „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (45) од Скопје, излетало од коловозот.

-Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, велат од таму.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести