
Започнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка: Колку мечки има во Македонија?
Со почетокот на новата учебна година стартуваше и генетскиот мониторинг на кафеавата мечка, којшто во земјава за првпат ќе се спроведува на национално ниво. Активноста ја предводи Македонското еколошко друштво (МЕД) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во рамките на петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на



















