
Палевски, Манев, Видевски и Кешишев бараат повторно судење, Обвинителството пак бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Ѓорчевски
Апелацискиот суд Скопје денеска на жалбена расправа ги разгледуваше жалбите на осудените на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Тие бараат укинување на првостепената пресуда и враќање на




















