
(Фото) Бизнис конференција за сајбер-безбедност на Македонски Телеком
Денеска во Скопје, Македонски Телеком организираше бизнис конференција под мотото „Следно ниво на дигиталната безбедност“, на која присуствуваа бројни претставници од деловниот сектор, институциите и експерти од областа на сајбер безбедноста. Конференцијата беше посветена на актуелните предизвици во дигиталната безбедност, новата регулатива и современите решенија за заштита од сајбер закани.

















