Запрена истрагата за шест полицајци осомничени за предизвикување општа опасност за случајот „Пулс“, објави Телма

Телевизијата Телма објави дека е запрена истрагата за шест полициски службеници, кои беа осомничени за предизвикување општа опасност за трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани.

При истрагата било утврдено дека дека нивните овластувања не биле поврзани со контрола на противпожарни мерки, туку за проверка на сообраќајната безбедност и паркинг просторот на објектот, па според Основното јавно обвинителство, тие можат да се гонат за друго кривично дело – злоупотреба на службената положба.

Дел од нив биле во притвор еден месец, по што добиле поблаги мерки за обезбедување, кои се укинати.

Иако беше најавено дека во декември лани ќе биде поднесено обвинение за втората истрага за трагедијата со која беа опфатени околу 20 полициски службеници, тоа се уште не се случило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немаше организирана евакуација: Потресно сведоштво на Иван Данаилов, кој го преживеал пожарот во „Пулс“

Брат ми го познав по тетоважите, кажа келнер кој работел на црно во “Пулс“

Синот на газдата на „Пулс“ и полицаец стоеле и гледале додека децата барале помош, кажа мајката на загинатата Драгана

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести