Може слободно да се каже дека и македонските граѓани се „навлекоа“ на кинеската онлајн платформа за шопинг, Тему, основана во 2022 година, зад која стои компанијата PDD Holdings.
Ниските цени, но и огромниот асортиман на производи од гардероба, обувки, до мебел, се причината за големата популарност во Македонија, но и на светско ниво.
Производите на Тему во Македонија ги испорачува македонската компанија „Еко логистик сервис“ (ЕЛС), од каде неодамна во интервју за еМагазин посочија дека дневно испорачуваат околу 20.000 пратки или околу половина милион за еден месец, со тенденција месечно да бидаат доставувани и до 1 милион пратки.
Наскоро македонските граѓани кои досега можеа да купуваат производи кои чинат најмногу до 22 евра, ќе можат да купуваат и производи до 90 евра, на што ќе се плаќа данок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гешовски: Од Тему наместо до 22, ќе може да се купува и до 90 евра, на што ќе се плаќа данок