Триглав Осигурување Живот АД Скопје ја продолжува соработката со Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Денеска во просториите на Федерацијата беше потпишан нов договор за спонзорство на РФМ.
Договорот го потпишаа Христина Џамбазовска Анастасов, генералната директорка на Триглав Осигурување Живот и Александар Стефанов, претседателот на РФМ.

Џамбазовска Анастасов во своето обраќање посочи дека со РФМ, Триглав Осигурување Живот дели иста визија и амбиции и дека во компанијата се горди за новиот договор за спонзорство, посебно пред престојното Европско ракометно првенство, кое се одржува годинава.
„Имам огромна чест и задоволство денеска да го промовирам новото партнерство меѓу Триглав Осигурување Живот и Ракометната федерација на Македонија. Драго ми е што со претседателот Александар Стефанов имаме иста визија, но и амбиции. Само неколку дена пред почетокот на Европското првенство, со особена гордост започнуваме соработка со најуспешната спортска федерација во нашата држава и со репрезентацијата која со години е симбол на македонскиот спорт и повод за нацонална гордост.
Да се биде во друштво со најдобрите е задоволство за секој бренд и компанија, но ова партнерство е повеќе од тоа. Ова е приказна во која Триглав Осигурување Живот станува партнер на „најдоброто од Македонија“. Денеска и ние стануваме дел од оваа спортска приказна, која со години не прави горди и поттикнува бура од емоции кај целата македонска јавност, како во земјата, така и ширум дијаспората.
Триглав Осигурување Живот, како компанија која се грижи за сигурноста и иднината на граѓаните, веруваме дека спортот има клучна улога во градењето здрави навики и позитивни модели. Затоа, нашата поддршка преку ова партнерство е насочена кон создавање стабилна основа за развој, континуитет и одржлив успех на македонскиот ракомет.
Веруваме во заеднички успеси, многу радости и долгорочна и успешна соработка. На македонските ракометни борци и на иконата во светскиот ракомет, селекторот Кирил Лазаров, им посакувам многу успех, среќа и одлични резултати на претстојното Европско првентство, a ние од срце ќе навиваме за Македонија,“ рече во своето обраќање Џамбазовска Анастасов.

Стефанов посочи дека се среќни за старо-новото партнерство со Триглав Осигурување Живот, подвлекувајќи дека компанијата која е најдобра во својот домен, инвестира не само во ракометот, туку со овој договор придонесува и за развој на целокупниот македонски спорт.














