Убава вест: Бројот на елени на Галичица зголем од 30 на 200, благодарение на Лазе, Јане и Кире

Бројот на елени во Национален парк Галичица од 30 во 2019 година, денеска е зголемен на над 200, информираа од Паркот.

Оваа е резултат на функционирањето на репродуктивниот центар и на секојдневната грижа од страна на ренџерот Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, велат од таму.

Тие секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените.

Центарот, кој беше отворен во 2019 година е опремен и со видео-надзор камери, кои овозможуваат дополнителна, непосредна заштита и навремена реакција.

Фото: Национален парк Галичица/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести