Падна првата пресуда за случајот во јавноста познат како “Онкологија“, кој се однесува на несовесно лекување пациенти на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Денеска од страна на Основниот кривичен суд Скопје докторката Мери Пешевска беше прогласена за виновна за тешки дела против здравјето на луѓето и доби условна затворска казна од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години таа не стори друго кривично дело.
Пешевска е единствената од обвините во овој случај која призна вина и за неа постапката се водеше одвоено.
Таа е второобвинета во предметот. Првообвинет е поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, а обвинети се уште двајца лекари онколози.
Тие се изјаснија за невини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони
Васев и Нухи негираат вина за несовено работење и финансиски криминал на Онкологија