На денешното рочиште за случајот познат како „Онкологија 2„ во кој за несовесно работење и финансиски криминал се обвинети поранешните медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, нивната одбрана посочи дека станува збор за политички мотивиран и неоснован случај и дека економски вештаци на Основното јавно обвинителство во случајов се нивни претходници и дека тие биле сменети од Васев.
Првообвинетиот Васев, кој е обвинет и во случајот познат како “Онкологија“ пред Судот кажа дека не се чувствува виновен.
И Нухи, пред Судот кажа дека се чувствувам невин и дека тоа ќе го докажал во постапката.
Од Судот информираа дека нивната одбрана денеска поднела писмено барање за изземање на вешто лице на Обвинителството.
Од Обвинителството пак во воведните зборови посочија дека ќе докажат дека двајцата со своите дејства ја злоупотребиле и поткопале довербата во здравствениот систем и јавниот интерес.
Обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска нагласи дека Васев и Нухи не ги прикажувале реалните медицински потреби и не ја следеле процедурата за јавни набавки, под изговор дека постапувале во интерес на пациентите и така правеле кривични дела.
– Обвинителството ќе докаже дека со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и со злоупотреба на службената положба, обвинетите предизвикале штета на буџетот од над 2,2 милијарди денари.
Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа, довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании. На тој начин, ФЗО бил доведен во заблуда дека се работи за законски обврски, рече Гоговска-Јакимовска, и најави дека тоа ќе го докажува со финансиски извештаи, документи од јавни набавки и сведоци.
Судењето продолжува на 16. септември со испитување на сведоци предложени од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони
Каков имот пријавил поранешниот директор Нехат Нухи, кој доби куќен притвор за „Онкологија“
Каков имот пријавил поранешниот директор Нино Васев, кој е обвинет за случајот „Онкологија“