(Видео) Александар Тарабунов објави нова песна – „Заедно“ 

Македонскиот пејач Александар Тарабунов објави нова песна – „Заедно“.

Како што вели Тарабунов песната е приказна за љубовта што преживува сè, љубовта што не заборава, и љубовта што нè спојува, без разлика на времето или растојанието.

Музички е инспирирана од ретро стилот на 50-тите, со модерен дух.

Музиката, текстот аранжманот, продукцијата и режијата се на Тарабунов.

Спотот го изработи Владислав Гавриловски.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести