(Видео) Андријана Јаневска ѝ даде нова душа на „Каде сте Македончиња“

Андријана Јаневска со изведба на песната „Каде сте Македончиња“, е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Создадена од Бранко Ѓорѓиевски, оваа песна ја понесе титулата „химна на децата-бегалци“, посветена на македонските деца кои беа протерани од своите домови за време на воените судири во Егејска Македонија. Силата на нејзината порака е безвременска – повик кон правдата, меморија за изгубеното детство и копнеж по родната грутка.

Првпат е изведена во 1987 година, на сцената на Фолк Фест Валандово, од страна на Александар Сарев, чие интерпретативно мајсторство го остави отпечатокот на оваа композиција во срцата на илјадници. Авторот во една прилика рекол дека Сарев бил совршениот избор – емотивен, народен, автентичен.

Во новото аранжманско руво, со допирот на маестро Николче Мицевски, песната добива нова димензија, но ја задржува својата емоционална длабочина и историска тежина.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести