(Видео) Д римерс во соработка со Венко Серафимов ја преработија „Лажливи времиња”

Д римерс ја преработија легендарната „Лажливи времиња“ на Венко Серафимов, која првично беше изведена од Армен и Безимени. После повеќе од 30 години ова уникатно музичко дело доби современ аудио запис.

„Многу ретко, па и скоро никогаш, на своите дела им давам зелено светло во секоја наредна преработка, но конечно желбата после толку време ми се оствари во оваа впечатлива, едноставна и моќна преработка на овие момци, па и самото ова дело да го добие потребниот современ звук и самата едноставност во изведувањето, и современата продукција го доведеде едно од моите авторски дела до совршенство.

Пак ќе кажам дечки, се додека ве има вакви како вас, овие дела ќе траат до бесконечност. Секоја чест на Синиша, Дамир, Јордан и Наташа за да ова своевремено толку мачно изработено ремек дело, после толку години ми влее насмевки и солзи за беспрекорната изведба,“ изјави Серафимов.

Ова е деветта песна од првиот албум на Д римерс, и како што најавија Јордан и Синиша преостанува уште една песна за да се финализира нивниот албум првенец.

Аудио материјалот како и вообичаено е изработен од страна на Дамир Пух и Наташа Миха во нивното GreenRoom Sound Studio.

Видео записот е изготвен од страна на ProCam студио.

Првиот албум на Д римерс е најавен за септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести