(Видео) „Француски вагони“ нова песна и видео-спот на Александар Тарабунов

„Француски вагони“ е нова песна и видео-спот на Александар Тарабунов. Во неа Тарабунов ја изразува динамиката на животот преку музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, кои целосно ги реализира самиот, при што вистинската порака симболично се открива на самиот крај на песната.

„Преку мотивот на француските вагони од минатото – време на бонтон и луксуз – се прикажува контрастот меѓу надворешниот сјај и скриените задкулисни игри, кои можат да донесат немир и внатрешни превирања.

На овој голем христијански празник, Богојавление (Водици), песната носи порака луѓето помалку да се фокусираат на материјалното, а повеќе да го слушаат срцето, да останат природни и вистински, да љубат искрено и да бидат човечни.

„Француски вагони“ е песна со силна емоција, современ звук и длабока симболика, проследена со визуелно впечатлив музички спот,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести