Граѓаните одржаа мирни протести во Охрид и Скопје, со што побараа од архиепископот г.г Стефан, да го слушне нивниот глас и барањето Епископ Антаниски Партениј, да биде Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Реакцијата на граѓаните следува откако по неколку месеци исчекување, за единствен кандидат е предложен Отец Георгиј, а на Епископ Антаниски Партениј не му се даде можност ниту да влезе во изборот за Митрополит во неговата епархија, во која му беше помошник на упокоениот Митрополит Тимотеј, и во која 30 години служи како монах.
„За да има избор, треба да предложите повеќе кандидати. Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е Викарниот Епископ Антаниски со 30 години монашко искуство. Црквата е народот, без народот нема Црква,“ велат граѓаните.
Отец Георгиј (Ѓоко Ѓоргевски) бил замонашен на 27. мај, на 28. мај е произведен за јероѓакон, на 29. мај е избран за јеромонах.
Предлогот за гласање е ставен за на 12. јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мирен народен собир поради начинот на избор на нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Фото/Видео: Православно секојдневие