(Видео) „Head High“ – нов сингл на Кирил Џајковски и TK Wonder

Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Head High“, како најава за неговиот претстоен албум “Memory Paradox“.

Во песната, Џајковски повторно соработува со TK Wonder, која е редовна соработничка и препознатливо име на македонската музичка сцена.

Албумот ќе биде објавен за неколку месеци под етикетата Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше во изминатите две години со повеќе соработници.

Темата на песната е ангажирана и се фокусира на соочување со предрасуди, верба во себе и борба против нееднаквоста.

Иако досега не беше официјално објавена, „Head High“ веќе подолг период е дел од фестивалските настапи на Џајковски и е позитивно прифатена од публиката, што беше една од причините токму таа да биде избрана како прв сингл од новиот албум.

Песната е достапна на сите музички платфори на следниот линк.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести