Македонија го освои седмото место на Детската Евровизија, која се одржа вчера во Тбилиси, Грузија, што е еден од најдобрите пласмани на земјата на овој фестивал досега.
Наша преставничка беше Нела Манческа со песната „Miracle“, која според стручното жири, кое и даде 92 поени, беше петопласирана, а од публиката доби 49 поени.
„Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски.
Победи преставничката на Франција, Лу Делез со песната „Ce Monde“.
Фото: Промо













