(Видео) Масовен собир во Нови Сад на годишнината од уривањето на настрешницата на железничка станица

Илјадници граѓани денеска се собраа во Нови Сад, Србија, на комеморативниот собир за обележување на една година од уривањето на настрешницата на реновираната железничка станица, при што загинаа 16 лица, меѓу кои и 45-годишниот професор од Македонија, Васко Саздовски.

Собирот кој го организираше студентско движење, започна точно во 11:52 часот, времето кога се урна покривот на настрешницата со 16-минутно молчење.

Истрагата за несреќата се уште трае, а во септември беше покрената кривична постапка против 13 лица, меѓу кои и за поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ.

Се водат и антикорупциска истрага и истрага поддржана од Европската унија, за можна злоупотреба на европските фондови во проектот за реновирање на станицата.

Фото: Унсплеш/видео: Фејсбук/Еко стража

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести