(Видео) Наташа Малинкова објави нова песна „Нема правила“

Македонската пејачка Наташа Малинкова ја објави својата нова песна – „Нема правила“. 

Станува збор за, како што вели, емотивна баладa која допира длабоко и зборува за љубов која не познава и признава граници, која нема логика и, се разбира, ниту правила.

„„Нема правила“ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку. Текстот и интерпретацијата ја доловуваат болката, страста, но и надежта што останува во едно срце што љубело длабоко.

Во песната доминира чувството дека понекогаш не можеш да го објасниш ниту да го контролираш она што го носиш во себе. Љубовта не следи правила, не се води по план – таа е хаос, сила и убавина во иста мера“, вели Малинкова и додава: „Имам само еден живот, една песна – недопеана.“

Комплетен автор на песната е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, во чие студио Аврамов рекордс и е снимена.  

Видеото, пак, е со потписот на 351 Студио.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести