(Видео) Сте ги посетиле ли Беловишките водопади

Едни од најубавите водопади во Македонија се наоѓаат на Беловишка река, во Општината Јегуновце.

Станува збор за три водопади на простор од два километри – Горна скала, Долна скала и Петочко водиче.

Извираат од уторбата на Пирибег, врв на Шар Планина.

До нив се стигнува од селото Беловиште. По патот поминувате и покрај селската црква „Св. Богородица“, како и црквите „Св. Петка“ и „Св. Јован Крстител“.

Овој дел зафаќа простор од околу пет хектари и се нарекува Петочко водиче.

По пат имате и бројни угостителски објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Лешочки манастир, еден од најубавите во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести