Египет го доби најголемиот музеј посветен на античката цивилизација во светот, инвестиција од 1 милјарда долари.
Големиот египетски музеј (ГЕМ) има 12 главни изложбени сали, а во него се изложени 50.000 артефакти што детално го опишуваат животот во антички Египет.
Во него се наоѓа и целата колекција на богатства од гробницата на познатиот момчешки фараон Тутанкамон, за прв пат од неговото откривање во 1922 година.
Сместен е на два километри од Пирамидите во Гиза.
На градиозната свеченост за неговото отварање, комбинарана со музичари кои свираат во различни земји низ светот, од САД, до Јапонија, Австралија и Бразил, присуствуваа 79 официјални делегации од странство, вклучувајќи 39 делегации предводени од кралеви, принцови, претседатели и шефови на влади.
Музејот ќе се отвори за јавноста на 4. ноември.
Фото/видео: TODAY/FRANCE 24 English














