(Видео) Земјотрес од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка во Русија

Земјотрес со магнитуда од 8,8 степени денеска го погоди полуостровот Камчатка во Русија.

Според првичните информации причинета е материјална штета, а неколку лица се повредени.

Земјотресот предизвика цунами со бранови од 3 до 4 метри, а предупредувања за цунами имаше и во Јапонија, САД и Кина.

Земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, на околу 125 километри од градот Петропавловск, кој има 165.000 жители.

Руската академија на науките соопшти дека ова е најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година.

Видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести