Вчера во Италија, во реката Пјаве, се удавило 9-годишното девојче Адна Ислам, по потекло од Македонија, објавија италијанските медиуми.
Девојчето, како што пишуваат тамошните медиуми во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, била со нејзините родители Ихмет и Наила Ислам и помалите брат и сестра, а несреќата се случила додека си играла покрај реката. Таа се лизнала и паднала во реката и исчезнала веднаш, откако била повлечена од водната струја, пишува весникот „Ла Трибуна ди Тревизо”.

Нејзото тело било пронајдено по неколку часа од нуркачи, заглавено помеѓу камења.
Со нејзиното семејство таа живеала во Кавасо дел Томба.
ПОВРЗАНИ ВЕСИ
Фото: Унсплеш