Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот „Безбеден град“ биле регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистрирано возило 1.000, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата.
Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање.
Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана зона или пат надвор од населено место,“ рече Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се казнува од 1. јануари: Од денеска камерите на „Безбеден град“ снимаат сообраќајни прекршоци
Фото: МВР














