Во затворот Идризово денеска почнува судењето за „Адитив“

Во затворот Идризово денеска треба да почне судскиот процес за случајот „Адитив“.

Судењето ќе биде во дигиталната судница на затворот.

Како што е познато во случајот се работи за злоупотреби и перење пари при јавни тендери во врска со набавката на додатоци за јаглен за потребите на државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Вкупно се обвинети 31 физичко лице и пет правни субјекти.

Меѓу обвинетите се и двајца поранешни директори на ЕСМ, Васко Стефанов, кој е во притвор, како и Васко Ковачевски, кој е во бегство.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести