Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63, а беа повредени над 200 лица.
Судењето треба да продолжи со воведните зборови на одбрана на Александар Нацев, кој Основното јавно обвинителство го смета за реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека.
Воведни зборови треба да даде и одбраната на правните лица ММММ кафе ДООЕЛ Кочани и Рубикон секјурити солушнс.
Фото: Игор Бансколиев














