За што беше обвинета докторката Мери Пешевска, која доби условна казна за случајот “Онкологија“

Вчера во Основниот кривичен суд Скопје падна првата пресуда за случајот познат како “Онкологија“.

Докторката Мери Пешевска, која претходно призна вина, беше прогласена за виновна и доби условна затворска казна од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години таа не стори друго кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Условна казна за докторката Мери Пешевска за случајот „Онкологија“

Таа треба да плати и судски паушал, но не доби забрана за вршење дејност.

Пешевска беше осудена за кривичното дело – тешки дела против здравјето на луѓето.

Се товареше дека соработувала со поранешниот директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој е првообвинет во случајот, и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.

Таа пак на крајот на судењето кажа дека била злоупотребена од колегите онколози. Докторите, како што кажа, имале пракса да користат печат од друг онколог за да може пациентите навремено да ја добијат терапијата, но потенцираше дека никогаш не помислила дека правилото може да е злоупотребено.

На седумтемина пациенти кои според обвинението биле несоодветно лекувани, таа не им била ординирачки доктор, туку обвинетиот Васев, кој со нејзиниот печат ја одредувал терапијата.

Пешевска е единствената од обвините во овој случај која призна вина и за неа постапката се водеше одвоено.

Освен Васев, обвинети се уште двајца лекари онколози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони

“Ќерка ми не умре од канцер на дојка, туку ја убија со тие хемии“, сведочеше пејачката Јулија на судењето за случајот „Онкологија“

Васев и Нухи негираат вина за несовено работење и финансиски криминал на Онкологија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести