Од Граѓанската иницијатива Зелен хуман град информираа дека почнале со собирање на потписи за регистрација на партија.
„Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од таму.
За да ја регистрираат партијата им требаат минимум 1.000 заверени потписи од луѓе од цела Македонија.
Доколку сакате да ги подржите кликнете на линкот: zhg.mk/potpisi.
Фото: Unsplash