еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Петтото издание на Скопскиот Брас Фестивал, ќе започне на 26 мај

Скопскиот Брас Фестивал, чија што идеја е промоција на лимените дувачки инструменти како и унапредување на методите на изучување на истите, оваа година ќе се одржи со свое пролетно и есенско издание.

„Во пролетното издание ќе се одржат три настани, а како главен настан е гостувањето на квартетот туби XL од Хрватска на 28 мај во малата сала на Филхармонија. Составот е навистина невообичаен, поради не толку познатата солистичка природа на инструментот туба, но нивната виртуозност од самото основање во 2002 година па до денес е препознаена на многу интернационални сцени со гостувања во САД, Тајланд, Малезија, Италија, Германија, Австралија и други држави.

Членовите на овој квартет се врвни хрватски музичари, членови на Загребачка Филхармонија и редовни професори на факултетот во Загреб. Покрај концертниот настап, членовите на овој квартет ќе одржат и бесплатен семинар со студентите на ФМУ Скопје. Членови на овој состав се Крунослав Бабиќ (туба), Марио Шинцек (еуфониум), Милош Будимиров (туба) и Петар Кшенек (вагнер туба),“ велат организаторите

Отворањето на фестивалот е на 26 мај, а ќе му припадне на домашниот квартет тромбони Макбрас, кои ќе одржат џез концерт на платото пред кафе бар Филхармонија.

Составот ќе настапи со гостите Кирил Кузманов (саксофон), Виктор Филиповски (тапани) и Маријана Николовска (пијано), а ќе бидат изведени познати џез композиции и џез аранжмани на класични композиции.

Квартетот Макбрас е формиран од тромбонисти од националните оркестри во Македонија во 2016 година, а има забележано настапи во САД, Хрватска, Канарски Острови, Бугарија, Косово и др. Членови на овој состав се Бранко Илиевски, Никола Ристевски, Виктор Богоевски и Александар Ниниќ.

Покрај овие концерти, на 8 јуни, ќе се одржат едукативните интерактивни музички претстави „Фамилија Металковци“ и „Брасковци патуваат“.

Претставите се осмислени за да им се доближат музичките карактеристики на лимените инструменти, но и истите да им се приближат на најмладите.

Локацијата на овие детски концерти ќе биде објавена дополнително. Со ова се надеваме дека повеќе млади ќе се заинтересираат за изучување на лимените дувачки инструменти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице почина, друго потешко повредно откако со автомобилот се забиле во бетон во Битола

Редакција

Уметниците со неверување ја примија веста за смртта на Стефановски: Македонската драма го загуби својот Шекспир

Редакција

Смртниот биланс од земјотресот во Индонезија се искачи на 142 лица

Редакција