еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Светило на врв планина“ – промоција на детска илустрирана книга во Струга

Денеска со почеток во 17 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи промоција на книгата „Светило на врв планина“ – првото илустрирано житие на Света Спаса Вишенска, специјално адаптирано за младата читателска публика.

Автор на книгата е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите се изработени од уметницата Викторија Попоска.

Изданието опфаќа седум тематски целини, секоја збогатена со илустрации кои ја приближуваат содржината до детската перцепција, со цел на достапен и едукативен начин да се пренесе животната приказна на светителката.

Според уредникот на книгата, отец Александар Димоски, мотивацијата за создавање на ова дело произлегла од потребата содржините од духовното и културното наследство да станат разбирливи, блиски и инспиративни за децата.

Се работи за прво житие адаптирано за деца на светител канонизиран од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

– Можеби не многу голема по обем, но непрегледна по содржина, неоценлива според значењето и благословена во намерата, сликовницата „Светило на врв планина“ сигурно ќе стане нечие детско Евангелие, вели отец Александар Димоски.

Настанот е отворен за јавноста. На промоцијата, покрај авторките, за книгата ќе зборуваат писателката Верица Мукоска и отец Александар Крстаноски.

Инаку, промоцијата се одржува симболично на 25. мај, ден кога за првпат ќе се одбележи споменот на светите исповедници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, по нивната канонизација во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Викендов во Вишни и во Охрид: Канонизација на светите Спаса и Спасе Вишенски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија се истражува еден случај кај дете, за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло

Редакција

За секој предлог од ЕУ во врска со Македонија, ќе треба да се произнесе бугарското Собрание, најави Петков

Редакција

Костовска: Проектот „Образование за вработување“ придонесува за намалување на јазот во родовата еднаквост на работното место

Редакција