Секој момент за Теодора значи живот, да помогнеме во нејзината борба за трансплантација на срце

14-годишната Теодора Колева е единственото дете во Македонија што чека трансплантација на срце.

„По долги 4.5 години исчекување, нејзиното срценце слабее и таа денес не смее да ја напушти болницата. Секој нов ден значи нови немилосрдни болнички трошоци кои семејството не може веќе да ги издржи. Мајката на Теодора со солзи во очите моли да ѝ подариме надеж, да ѝ помогнеме да добие шанса да дочека трансплантација на срце во Италија.

Дополнително, апелираме и до сите институции, дипломати и луѓе со влијание да помогнат овој апел да стигне до Италија, за да го спасиме животот на Теодора,“ се вели во апелот за Теодора.

Линк за донации ОВДЕ.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести