Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека Управниот одбор (УО) на Банката на 20. мај добил известување од Алта Гроуп ДОО Београд, Србија, дека има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.
Понудата за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од Банката ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција.
-Во добиеното известување стои дека согласно член 26-а од Законот за преземање на акционерски друштва покрај согласностите од домашните тела и институции вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, понудата е условена и со претходно одобрување на концентрација од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија (Странско одобрение).
Во известувањето стои дека ќе биде поднесено и барање за добивање на дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност, по добивање на странското одобрение, а секако по добивање на согласностите од домашните тела и институции.
Доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање.
Во однос на странското одобрение, доколку надлежната институција за давање на странското одобрение отфрли или одбие издавање на соодветно странско одобрение, или не го издаде во рок од 12 месеци од објавата на намерата за преземање, Алта Гроуп ДОО Београд ќе извести соодветно согласно член 26-а, став 6 од Законот за преземање на акционерски друштва, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто пропадна спојувањето на Комерцијална со Стопанска банка Битола
Минатата година Комерцијална банка АД Скопје сакаше да ја преземе Стопанска банка Битола, но понудата беше неуспешна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Битола со добивка од 22,2 милиони денари во првиот квартал