еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Американецот Роберт Превост е новиот папа, Лав XIV

Поранешниот американски кардинал Роберт Френсис Превост е новиот папа, кој го зеде името Лав XIV.

По изборот папата во Ватикан се обрати пред насобраните верници, со порака за мир во светот, потенцирајќи дека улогата на црквата треба да биде мисионерска, да гради мостови, дијалог, да има раширени раце за секого, да биде отворена кон секого на кого му е потребно милосрдие, дијалог и љубов.

Тој се заблагодари на претходниот папа Франциск, но и кардиналите кои го избрале со кои заеднички ќе работи за мир и правда, угледувајќи се на Исус Христос, проповедајќи го него без страв, да бидат мисионери верни на Евангелието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Роберт Превост, првиот американски папа

Фото/видео: Vatican News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загревање за нова „битка“ во Македонијатурист преку избор на нов Надзорен одбор

Редакција

Трет ден по ред: Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје

Редакција

Убава вест: 18 оздравени од Ковид-19

Редакција