Во Косово уапсен Дритон Ибиши од криминалната група „Грчец“, ќе биде ли екстрадиран во Македонија?

Дритон Ибиши, член на криминалната група „Грчец“, кој Македонија го бара со меѓународна потерница е упасен во Косово, јавија тамошните медиуми.

Тој се бара за трговија со дрога.

Според локалните медиуми бил уапсен на автопатот Приштина-Феризај.

Останува да видиме дали косовските власти ќе го екстрадираат во Македонија.

Дел од членовите од групата се уште се во бегство, а меѓу нив е и водачот Шеваљ Муареми, кој е во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Шеваљ Муареми за кога е побарана екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати

Групата е осомничена за трговија со дрога, но и за неколку убиства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шеваљ Муареми, водачот на групата Грчец во Дубаи работел во компанија за компјутери

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести