еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Шеваљ Муареми за кога е побарана екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати

Министерството за правда ја почна процедурата за екстрадиција на Шеваљ Муареми, водачот на криминалната група од Грчец, „Дуќанџик“, како и членот на групата, Мухамед Чајани од Обединетите Арапски Емирати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Побарана екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани од Обединетите Арапски Емирати

Пред извесно време Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници по Муареми и други членови на групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се другите лица од групата од Грчец по кои е распишана меѓународна потерница

 

Муареми пред Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, престојуваше во Шпанија, а во Македонија не бил подолг временски период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За кои три убиства се сомничи групата на Шеваљ Муареми, по кој е рапишана меѓународна потерница

Оваа криминалната група од селото Грчец, се сомничи за три убиства и еден обид за убиство, како и за трговија со дрога.

На фотографии со Меси и македонски политичари

На социјалните мрежи, додека престојувал во Шапанија, од Ибица, има и заедничка фотографија со еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси.

Меси сигурно не знаел кој е Муареми, но македонските партиски и државни функционери со кои исто така се фотографирал би требало да знаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

На фотографија која се споделуваше на социјалните мрежи по неодамнешната акција на полицијата во Грчец за разбивање на групата, тој е во друштво на функционерот на владејачката ДУИ, Блерим Беџети.

Името Шеваљ, како што објави Фокус, се споменува и во т.н. бомби.

За извесен Шеваљ во една од „бомбите“ зборуваат поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а во нивниот разговор се спомнува и Беџети.

Во друга „бомба“ името Шеваљ се споменува во разговор меѓу Мијалков и поранешната судијка Софија Лаличиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И советник на Алијансата за Албанците меѓу уапсените во полициската акција во Грчец, партијата го суспендираше

Фото: Фејсбук/Инстаграм/Муареми/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев и Филипче со синовите на мотори се дружеа на Беласица

Редакција

Општините за новогодишно украсување потрошиле 615 илјади евра: Најголем дел од парите за една фирма

Редакција

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Редакција