еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кој заврши на „црната листа„ на САД

Градоначалникот на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски и кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија заврши на “црната листа“ на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Градоначалникот Стевчо Јакимовски ставен на „црната листа“ на САД

На истата се ставени и неговите двајца возрасни синови.

Тој пак најави кривична пријава за непознато лице и обвини дека оваа е мешање во претседателските избори во Македонија од надвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Јакимовски неговото ставање на „црната листа„ е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил

Од недвижен имот на негово име има само земјиште во скопско Нерези.

На име на сопругата пак пријавил куќа и земјиште во Скопје.

На негово име нема пријавено ни возило. На име на сопругата пријавил две – БМВ и Фолксфаген и уште две на име на децата – БМВ и Јамаха.

На свое име и на име на сопругата пријавил удели, но не навел каде.

На свое име има и животно осигурување, како и побарувања по основ на заем.

На име на сопругата, на свое име и на име на децата пријавил и депозити и штедни влогови.

На име на сопругата пријавил и кредит од 920 илјади денари, земен во 2022 година, но нема податок кога треба да се врати.

Пријавил и камп приколка и накит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ освен Катица Јанева и Стевчо Јакимовски е на “црната листа„ на САД

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог за повисоки плати во Поштата, синдикатите ќе одлучуваат дали ќе продолжи штрајкот

Редакција

“ОМО Илинден биле сепаратисти“: Радев лут на Пендаровски оти се сретнал со Македонците од Бугарија

Редакција

„Стар си кога поретко излегуваш од Миле Јанакиески шо оди во притвор“: Твитер реакции за новото апсење и новиот притвор за екс министерот

Редакција