еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

Лидерот на Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и акутелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е кандидат на партијата за претседател на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски во трка за втор мандат, Силјановска Давкова кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

За кандидат го предложила неговата партија.

Кој е Јакимовски

Роден е на 27. август 1960 година во селото Подржи Коњ, Кривопаланечко.

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година.

Јакимовски има два сина, Дамјан и Гоце Јакимовски, кој е сопственик и управител на „Транс Медитор“ ДООЕЛ, претпријатие што претежно се занимава со патен транспорт

Работно искуство 

По дипломирањето волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје.

Јакимовски е и поранешен репрезентативец на Македонија во карате. Тој е петкратен републички првак, два пати апсолутен шампион на Македонија и два пати освојувач на бронзен медал во СФР Југославија.

Политичка кариера

Во политиката влегол во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младината на Југославија.

Во септември 2000 година за првпат станал градоначалник на Општина Карпош.

Во ноември 2003 година станал министер за економија, а министер за труд и социјална политика бил од декември 2004 година.

Во 2009 година, повторно е избран за градоначалник на Општина Карпош.

По завршувањето на мандатот работел во своја приватна фирма.

Моментално по трет пат е градоначалник на Карпош.

Сменил неколку партии

Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии. Најпрвин бил член на Либерално-демократската партија (ЛДП), потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ.

Првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на ЛДП, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапи како независен кандидат.

Во 2013 година, Јакимовски ја формираше политичка партија ГРОМ, со која првпат настапи на претседателските избори во 2014 година, како и на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно дојави за бомби во скопски училишта

Редакција

Груевски избегал од Македонија преку див премин

Редакција

Најголем број од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

Редакција