еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски избегал од Македонија преку див премин

Поранешниот премиер Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на кој било граничен премин. Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, вели во интервју за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

„Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна правна помош од надлежните органи на Република Албанија и Република Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер“, истакнува Јовески.

Обвинителството, како што додава, ја анализира содржината на прибавените докази, а истовремено очекува да се добијат и доказите од Албанија.

„При тоа Обвинителството не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. Надлежните институции, во рамките на нивната внатрешна организација, треба да утврдат дали и каква одговорност имало во нивното постапување и надлежност“, посочува државниот јавен обвинител во интервјуто.

МИА/Фото:Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

еМагазин во Дебар: Дебарчани убедени дека Груевски избегал од овде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот БДП со раст од 1,1% во второто тромесечие

Редакција

Агенцијата за млади и спорт вработува пет лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Детален преглед: Колку заболени од корона вирусот има по македонските болници?

Редакција