еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонскиот БДП со раст од 1,1% во второто тромесечие

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тромесечие од 2023 година е 1,1 отсто според проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Во второто тромесечие од годинава, поголем пораст е забележан во секторите  Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,6  отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2,6, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3 отсто.

Стапката на раст на БДП во првиот квартал годинава според податоците на ДЗС изнесуваше 2,1  процент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот моден бренд „Елена Лука“ во британски „Вог“

Редакција

ПроКредит банка ќе биде ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение

Редакција

Пендаровски смета оти австрискиот амбасадор не ни се меша во внатрешните работи

Редакција