еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој е инвеститорот на “Набизи Ритеил Парк“ во Струга, кој се отвори денеска

Од денеска во Струга и официјално со работа почна “Набизи Ритеил Парк“, најголемиот во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Струга денеска се отвара “Набизи Ритеил Парк“

Истиот се протега на површина од 85.000 метри квадратни, од кои 40.000 метри квадратни се деловен и логистички простор.

Паркот има и паркинг за 1.000 возила.

Кој е инвеститор?

Инвеститор е компанијата Набизи, која има 42-годишна традиција. Почнала со работа во 1983 година со слаткарница, а денес е еден од водечките бренд во малопродажба и големопродажба на производи за градба, ентериер, екстериер, домаќинство и техника.

Покрај трговијата, компанијата успешно работи и во градежништво, транспорт и логистика, со постојана ориентација кон иновации, одржливост и инвестирање во човечки ресурси, посочуваат од таму.

Компанијата ги има имплементирано ERP и WMS системи, како и фотоволтаични централи.

Зад неа стои семејството Бизати.

-Денес чувствувам голема благодарност и гордост. Она што започна како мал семеен бизнис пред 42 години, денес прерасна во нешто што не го гледаме само како инвестиција, туку како наш придонес за Струга и регионот.

Голема благодарност и до вработените, партнерите, нашето семејство, како и државните институции и локалната самоупртава. “Набизи Ритеил Парк“ е наш заеднички успех, кажа Камбер Бизати, сопственикот на компанијата Набизи.

За Насуф Бизати, сопственикот на компанијата Набизи, ова не е само ретаил парк – ова е остварен сон, изграден со многу работа, истрајност и љубов кон нашиот град.

-Искрено благодарам на секој кој беше дел од ова патување – од идеја до реализација. Благодарност до нашите тимови, до локалната заедница и до сите вас што денес сте тука со нас. Ова е само почеток – и веруваме дека најдоброто допрва доаѓа, изјави тој.

Што се има

Во склоп на Паркот, покрај големиот број на продавници има и бензинска пумпа со мини маркет, coffee shop Kahve diyar, ресторани за брза храна KFC и King со услуги Drive thru и Delivery, најголемата детска игротека во регионот – Kids zone на површина од 2.500 метри квадратни, snack food ресторан и простории за роденденски прослави, како и современ хотел со 63 соби и rooftop ресторан.

Кои брендови ќе бидат присутни

Во Паркот свои продавници ќе имаат Super kit-go, JYSK, Нептун, New yorker, LC waikiki, Sinsay, Intersport, Sport M, Tudors, Топ шоп, Метро, Office plus, Schatze, Duki daso, My time, Sara fashion, Kom, Via farm, Getaldus, Македонија осигурување, Ensar gold, Atelier artbal, Exchange, Прокредит банка, Комерцијална банка…

Во наредните денови се планирани низа активности, попусти и изненадувања за сите посетители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа “Набизи Ритеил Парк“ во Струга, кој се отвори вчера

Фото: “Набизи Ритеил Парк“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) За 4 дена најмалку 12 деца во Македонија повредени при предизвикот на ТикТок, „Супермен челинџ“

Редакција

Груевски го обвини Заев за манипулации со „бомбите“

Петре Димитров

Ципрас поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА, нема да се кандидира за нов мандат

Редакција