Поранешниот американски кардинал Роберт Френсис Превост е новиот папа Лав XIV.
По изборот во Ватикан, папата се обрати пред насобраните верници, со порака за мир во светот, потенцирајќи дека Црквата треба да биде мисионерска, да гради мостови, дијалог, да има раширени раце за секого, да биде отворена кон секого на кого му е потребно милосрдие, дијалог и љубов.
Тој се заблагодари на претходниот папа Франциск, но и кардиналите кои го избрале со кои заеднички би работеле за мир и правда, угледувајќи се на Исус Христос, проповедајќи го него без страв, да бидат мисионери верни на Евангелието.
Фото/Vatican News
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.