Поранешниот премиер на Грузија Ника Гилауари, зборуваше на панелот “Економски пресврт преку болни реформи” на Самитот Македонија2025.
Неговата главна порака беше дека најважните реформи кои една држава треба да ги направи за економски да напредне е да спроведе реформи кои му се потребни на приватниот сектор, i да го поедностави работењето на компаниите, бидејќи тие генерираат раст.
Додека тој бил премиер, Владата ги поедноставила правилата и регулативата за приватниот сектор, а администрацијата ја поставиле на тој начин за Владата да ја водат како корпорација.
“Ги укинавме лиценците и дозволите секаде каде што можевме. Секоја реформа која што сакавме да ја направивме, прашувавме како приватниот сектор гледа на ова. Не се плашевме да направиме реформа на реформа, ако некаде згрешивме, за зборот реформа да не го врземе за тоа дека тоа е нешто лошо,” рече Гилауари.
Во однос на странските директни инвестиции тој објасни дека, исто така се спровеле реформи кои го олесниле работењето на странските компании.
Наместо коридор, интенцијата била Грузија да стане центар на тие инвестиции од каде што истите би се прошириле во соседните земји.
Тој потенцираше дека најголем проблем на секоја Влада, е тоа што сите министерства си функционираат како т.н. силоси без да соработуваат едни со други.
Наспроти ова, потребно е кабинетот да функционира како голем тим. Оттука вовеле бонуси и награди за вработените во администрацијата за исполнување на индикатори.
Грузија ги приватизирала речиси сите државни претпријатија, а оние кои не успеале, тогаш истите почнале да издаваат обврзници, со што се сменил начинот на размислување на директприте, бидејќи од нив се барало постигнување на резултати.
145 владини услуги се давале од едно место, а помеѓу Владата и граѓаните посредувала независна агенција.
“Најважно е управувањето со граѓаните., да се има добра визија, исполнување на реформите, зголемување на политичкиот кредибилитет преку болни реформи, ” додаде Гилаури.
Тој оцени дека предноста на Македонија што е мала е што може лесно да се трансформира, бидејќи ако Грузија постигнувала раст на БДП од 8%, зошто не и нашата држава.
Целта како што вели е да се создаде поголема и посилна средна класа која ќе остане во државата и ќе создава работни места.
“Потребно е да се создаде култура на реформи и тоа да се одржи. Треба да им се даде можност на младите да разберат дека се двигател на промените, да имаат мотив да ги прават тие промени за што би биле наградени,” заврши Гилаури.
Грузија е пример, како од една корумпирана држава прерасна во една од најмалку корумпираните, a економскиот раст низ годините беше зголемен за четири пати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст
Милјардерот со македонско потекло Крис Павловски дојде во Скопје за Самитот на Македонија2025