Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ) кое ќе се одвива од 27 до 30. мај, секој ден од 15 до 18 часот, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно.
„Денес ХИВ е контролирана здравствена состојба со достапната и ефективна терапија, важна е само навремената дијагноза. Доцната дијагноза е тивок ризик, нешто што можеш да се избегне со само еден мал чекор. Раното тестирање значи навремена и ефективна терапија; квалитетен и долг живот; нула ризик за пренос на ХИВ (кога луѓето со ХИВ се на терапија и вирусот е недетектибилен, тогаш ХИВ не се пренесува преку сексуален пат),“ се вели во соопштението.
Дополнително, граѓаните може да се тестираат и за сифилис, гонореја и кламидија, со резултати готови за најмногу 30 минути. Тестирањето е анонимно, бесплатно и доверливо и се спроведува од обучени медицински лица и советувачи.
Како граѓаните да закажат термин?
Како граѓаните да закажат термин?
Со јавување во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно на телефонскиот број 02/3176 – 950.
Преку оналјн закажување на преглед на следниов линк, или со посета на Младински центар „Сакам да знам“ на Водно на ул. Елисие Поповски Марко бр.2 каде нема стигма, туку само грижа, велат од таму.
„Тестирањето се одвива во пријателска и безбедна средина, каде освен здравствени услуги, граѓаните може да добијат и индивидуално советување за сексуално и репродуктивно здравје. Првиот чекор кон грижата за сопственото здравје започнува со информираност и навремено тестирање. Затоа, тестирај се! Твое право е да се чувствуваш здраво!“, велат од таму.
Фото: Unsplash